ТРАГЕДИЈА во Македонија: Застрелал човек со кој бил во лов на дивеч – Кривична за убиство од небрежност

Вчера (13.11.2024) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција – Сектор за општ и насилен криминал во содејство со СВР Штип го лишија од слобода Т.К.(54) од с .Дедино,

општина Конче и против него се поднесени кривични пријави поради основано сомнение за сторени кривични дела по член 126 „убиство од небрежност“,

член 396 „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“ и член 228 „незаконит лов“ од КЗ.

Имено, на 04.11.2024, Т.К., заедно со И.К.(31) од с .Дедино, општина Конче, со цел да вршат незаконит лов на дивеч се упатиле кон селата Лесковица и Пиперово,

при што приведениот со ловна пушка која ја поседувал без дозвола од поголема далечина го застрелал И.К., кој починал на местото на настанот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде