Кираца Трајковска е жената која прва ги поврзала случаите на Вања и на Панче

Напнато, конфузно и со технички проблеми помина сведочењето на поранешната директорка во „Фершпед“, Кирица Трајковска која беше клучен сведок на судското рочиште за убиството на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски. Семејството на Кираца Трајковска било во стара кумска врска со семејството на Александар Ѓорчевски, таткото на убиеното девојче кој е обвинет за помагање во убиството.

Нејзиниот син, Гоце Трајковски кој се споменуваше дека ги открил клучните снимки за расчистување на убиствата, не дојде да сведочи затоа што, како што кажа неговата мајка, имал паничен напад и покачен крвен притисок.

Но, од сведочењето на Трајковска може да се заклучи дека таа, иако послдените години живеела во Белград, каде и помагала на ќерка и, сепак таа била „мозокот“ кој ги поврзал „цитроенот“ со којшто беше грабната Вања и велешанецот, Панче Жежовски. Токму таа ги поврзала нејзиниот син, Гоце со Александар, за тој да му помогне, со оглед на тоашто таткото во такви ситуации, според Трајковска, е „изгубен“. Александар и Гоце, како што кажа Трајковска, немале комуницкација десетина година, иако Александар му бил кум на Гоце.

Објавата дека Вања ја нема, ја видела дента на Фејсбук профилот на мајката и веднаш им ја пратила на нејзините деца, ќерката и синот. На Гоце требало да му објасни кое е девојчето, чија ќерка е.

– Вечерта, на 27 ноември, им пишав порака на двајцата родители, и на Зорица, и на Александар, кои беа во полиција и веднаш им понудив Гоце да оди кај нив за да им помогне – рече Кираца.

Нејзиниот син го опиша како „помангуп“, а Александар како поповлечен.

На Александар му дала број од Гоце и обратно, па веќе следниот ден Гоце веќе бил во станот на улица „Наум Наумовски Борче“, од кај што беше грабната Вања. Нејзиниот син цело време бил во контакт со нејзе, како што рече, сите биле истражители, а се што ќе најдел син и и праќал нејзе и и кажувал што се случувало.

Барал по кафулиња, влегол во распаднати куќи и згради и гледал кај имало камери. Земале снимки и ги гледале, а Гоце забележал дека ниту една камера не снимала на влезот од зградата, а третиот ден обезбедиле снимка на која се гледал „цитроенот“.

Од оваа снимка тој и испратил „скриншот“ на мајка му. Иако ниту на снимката, ниту на сликата не се гледала регистрацијата на „ситроенот“, Кираца интуитивно го поврзала возилото со велешанецот Жежовски за кого слушнала дека е исчезнат со возилото. На снимката се гледал и „пикапот“ кој според обвинението, го возел Палчо.

По нејзина иницијатива, се јавила кај своите роднини во Велес, кои и кажале дека таа е колата за која прашуваат, од која на снимките пред зградата на Вања се испуштале издувни гасови, како да тргнува. Таа и синот обезбедиле снимки од бензинската во Велес и уште две други снимки кои и ги предале на полицијата. Таа се сомневала дека Панче е педофил и тој ја грабнал Вања.

Трајковска откри и дека Палевски и е зет за втора братучетка, односно жената на Палчо и е братучетка на Кираца, која по националност е Влаинка. Таа со него се знаела уште и пред да и стане зет, имале деловни односи, контактирале и оделе на кафе. На прашање дали имал Плачо финансиски проблеми, таа рече дека како и секој бизнисмен имал и подеми и падови.

Прашања за нејзе имаше и самиот Палчо кој директно ја праша дали и се верува дека тој би ја убил Вања.

– Не, а најмалку за пари, децидна беше Трајковска. Палчо ја прашуваше и дали е точно дека нејзиниот син пред полициските инспектори кажал дека таткото на Вања е основач на „Десна“, но таа негираше. Кираца ги знаела и родителите на Зорица за кои имаше само пофални зборови.

-Татко и го знам, многу беше чесен, почесен и од мене, рече Трајковска.

На рочиштето сведочеа и родителите на обвинетиот татко, Зоран и Иванка Ѓорчевски кои 40 години биле разведени, но комуницирале. И родителите и сестрата на Александар, Оли Нешковиќ кажаа дека во младоста пред околу 30 години се лечел од зависност од дрога, но дека успешно се излечил и потоа се оженил.

По разводот, Александар живеел со неговата мајка, и во периодите кога не работел тие финансиски го помагале. Мајката земала 20 илјади денари пензија, но таткото на Александар бил деловен човек кој во минатото работел во многу успешни фирми.

Сестрата на Александар и нејзиниот син исто така тврдеа дека тој немал долгови, а внукот кажа дека во неколку наврати му позајмувал пари на вујко му, а последен пат му позајмил 30 илјади денари, но се што му дал, му било вратено. Сите биле вклучени во потрагата по Вања, кој како знаел и умеел, а внукот дури и му пратил порака на најбогатиот човек во светот Илон Маск да ја бара Вања преку сателити.

-Знаев дека Илон Маск, нема да му врати, но го направив тоа за вујко ми, кој беше во агонија- рече Иво Нешковиќ.

За убиството на малолетната Вања и велешанецот Панче првообвинет е Љупчо Палевски Палчо, Велибор Манев, Боре Видевски, Влатко Кешишев и таткото за помагање.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде