Се појавија први снимки: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Бродот „Принцот од Задар“ вечерва се насука во близина на хрватскиот остров Премуда.

Како што пренесуваат хрватските медиуми, бродот удрил во гребен пред островот, кој е прва станица на неговата рута.

Се додава дека во бродот има околу 50 патници. Набрзо на помош пристигнале и бројни мештани кои ги префрлиле патниците кои чекале со елеци за спасување во приватни чамци.

Патниците го чекаат траектот Јадролинија, кој беше на пат кон Задар.

Станува збор за брод кој го поврзува Задар со Премуда, Силба и Олиба.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде