Конечно снегче во Маврово и првите зимски пејзажи… Доаѓа најубавиот период од годината за во Маврово, ќе го посетите ли?
Дали и вам Маврово ви е една од омилените дестинации?
Утринава (15.11) таму има тенка снежна прекривка и Маврово изгледа прекрасно.
Наскоро ни доаѓа периодот со покриви натежнати од снег, прекрасни пејзажи и вистинска зимска идила…
Метеорологот Славчо Попоски, утрово објави дека има обилни врнежи од снег и на Стража.
-Почитувани, внимавајте доколку патувате кон планинскиот превој Стража, во моментов има обилни врнежи од снег кои формираат снежна покривка, а снегот се задржува и на коловозот!, информираше тој.