Црн октомври: Погледнете колку луѓе ги загубиле животите во сообраќајки за само еден месец

Црн октомври. 11 луѓе ги загубиле животите во сообраќајки за само еден месец.

И годинава очекувањата се дека бројот на загинати ќе биде помеѓу 120 и 150. 

Според експертите, причината за ова се главно дивеењето на возачите на улиците, но и техничката исправност на возилата, па и самата инфраструктура. 

– Комплексно е прашањето. Веројатно и на целата околина што ја живееме. Значи, сите општествени аномалии се рефлектираат во сообраќајот бидејќи сообраќајот не е изолирана тема, вели Игор Митревски, експерт за сообраќај.

Според официјалната статистика на МВР, лани направени биле 118 сообраќајки во кои загинале 127 луѓе. Доколку се направи споредба со годините претходно, 2011-та била најлоша по бројот на жртви. Загинале 172-ца. 

Како најчест фактор за сообраќајки, според МВР е брзото возење. А потоа следуваат непочитување на правилата за првенство во минување, недржење страна и правец на движење, непрописно движење и свртување, алкохолот. Но МВР, барем во досегашната статистика, не го зема предвид користењето на мобилен телефон при возење. 

Најавите на надлежните се дека од следната година ќе профункционира „Безбеден град“ – автоматизиран систем чии камери ќе ловат прекршоци во сообрааќајот и без влијание од човечкиот фактор ќе ги казнува несовесните возачи. Митревски вели дека овие камери ќе можат да го регистрираат и тоа. 

Прилогот на ТВ Сител погледнете го ТУКА

Извор и фото: ТВ СИТЕЛ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде