НАЈНОВА ПРОГНОЗА: Доаѓа голема промена на времето

Почнувајќи од 20 Ноември (среда) целиот Балкански Полуостров, вклучувајќи ја  и нашата Македонија ќе бидат зафатени од моќен циклон кој ќе биде со центар токму над Балканот, но и над Италија  и истиот ќе условува обилни врнежи, најпрвин од дожд, а потоа од снег.

Сето ова ќе биде проследено со бурен ветер, кој понекаде ќе достигнува брзина од над 80/90 км/час, локално и со брзина дури и од над 100 км/час.

Снег ќе го поркие речиси целиот Балкан следната седмица, а што се однесува до Македонија, истиот ќе го има особено на повисоките места  и на планините, но од средината на седмицата,

поточно од четврток 21.11.2024 повремен снег ќе има понекаде  и на пониските места, особено во западните  и во северните предели. Можно е помало формирање на снежна покривка и во пониските места во Македонија.

Во следните мои метео објави следува нова  и по потреба обновена метео анализа токму околу оваа огромна промена на времето која не очекува во текот на новата седмица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде