Пукање во тетовско, полицијата ги објави деталите

Вчера во 13.45 часот, полициски службеници од ОВР Гостивар го лишиле од слобода А.С.(66) од с.Форино, гостиварско.

Тој се сомничи дека претходно во с.Форино, по кратка расправија поради нерасчистен долг, со пиштол пукал кон Ј.Л.(35) од с.Чегране,

гостиварско, кој бил пренесен во Медицински центар во Гостивар за укажување помош.

Од него бил одземен пиштол „Бровинг“ 7,65 милиметри и рамка со 4 куршуми.

По документирање на случајот против него ќе биде изготвен соодветен поднесок, соопшти СВР Тетово.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде