ВОНРЕДНО Товарен воз излета од шините кај Зелениково

Сообраќајот помеѓу железничките станици „Кадина Река“ и „Зелениково“ е во прекин откако вчера, во 21:37 часот,

товарен воз излезе од шините, информира Регионалниот Центар за Управување со Кризи (ЦУК) Скопје, повикувајќи се на Македонски железници.

„Екипи од Македонски железници се на терен и работат на решавање на ситуацијата“, соопштуваат од ЦУК.

Оттаму додаваат дека во несреќата нема повредени лица.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде