Земјотрес утрово го стресе Солун

Земјотрес со јачина од 2,2 степени според Рихтеровата скала се случи утрово во Грција во близина на Солун.

Според информациите, земјотресот се случил околу пет часот наутро, на длабочина од 10 километри.

Откриен е во непосредна близина на градот Гелатадес, а со оглед на неговата сила постои сомневање дека нема да има штета или повредени.

За потсетување, во претходниот период во Грција беа забележани неколку земјотреси и тоа во околината на Солун.

Уште еден земјотрес во Грција се случил утрово во близината на Патра со јачина од 2,9 степени.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде