Под влијание на изразена циклонска активност со центар западно и северозападно од нас, од утре (среда 20.11.2024), до (сабота 23.11.2024) во Македонија под влијание на серија на изразени влажни воздушни бранови ќе има повремени врнежи од дожд, кои локално ќе бидат обилни и поројни, локално и проследени со појава на грмежи.
Повремено на планините врнежите од дожд ќе преминуваат во врнежи од снег, со што до сабота на овие места ќе се формира и снежна покривка.
Во четврток, а особено ноќта петок кон сабота, и во сабота наутро и претпладне поради продор на значително постудена воздушна маса од север, врнежите од дожд ќе преминат во врнежи од снег и во повисоките места.
Има услови снежната граница локално, и тоа особено во западните и во северните предели да се спушти од околу, па и под 1000 метри надморска височина, со што услови за повремен снег ќе има и во повисоките населени места (градови).
На сателитската снимка можете да го погледнете Моќниот и огромен циклон западно и северозападно од нас, кој полека и се приближува и на нашата Македонија