ТАЖНА ВЕСТ: Почина врвната македонска народна уметница

На 84 годишна возраст, во неделата почина Зорка Ацкова Метикош, врвна народна уметница од ансамблот Танец, а погребот се одржал вчера.

Зорка Метикош е родена во 1940 година во скопското село Чучер и беше вистински извор на ора и песни од богатата ризница на македонскиот фолклор.

Во ансамблот Танец е од 1960-та година и во него поминува цели 30 години до своето пензионирање во 1990.

-Таа, целото свое знаење и умеење го посвети на ансамблот, пренесувајќи голем број на песни и игри научени од теренот. Беше фолклорен уметник со извонредени вокални и играорни способности.

При изведување на песните од кореографскиот репертоар на Танец, беше препознатлива по извонредните изведби и нејзиниот убав сопран, а меѓу колегите и кај публиката важеше и за извонреден техничар при изведувањето и пренесување на стапките на изворните ора.

Посебен траен белег остави во изведбата на „Невестинското“, а за многу генерации играорки беше пример како достојно се носи галичката носија, преку нејзиниот стамен став и нејзините одмерени и грациозни чекори при изведбата.

Оттука, Зорка Мекинтош ќе остане втисната во историјата на Танец како синоним за трајна вредност, велат од ансамблот.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде