Возачите ширум земјата останаа заглавени на улиците, а железничките услуги беа откажани поради снегот и мразот. Вистинската зима пристигна, а температурата се спушти на -11 степени, пренесува Дејли Мејл.
Проблеми во сообраќајот биле пријавени во поголемите градови, особено во Лидс. Националната метеоролошка служба издаде предупредување за тешки временски услови за снег и мраз.
Во текот на ноќта рекордни температури се забележани во шкотската населба Браемар со -11,2 степени Целзиусови и во Тулох каде што изнесуваше -10,7 степени.
На граѓаните им е кажано да очекуваат замрзнати патишта, потенцијални прекини во електричната енергија и прекини на јавниот превоз, кој вклучува автобуси и возови.
Жолтото предупредување е во сила, но утринава веќе беа продолжени три предупредувања во областа на Северна Ирска, Шкотска и северните англиски градови како Манчестер и Бирмингем.
Според последните прогнози, на места над 300 метри надморска височина се очекуваат околу десет сантиметри снег. Националните железници соопштија дека студеното време ќе влијае на различни линии. Друг железнички превозник најави тестирање на првите утрински линии, кои сообраќаат без патници, за проверка на условите.
Во Шкотска утрово се случи сообраќајна несреќа, кога на патот А952 се преврте автобус, пишува Sky News. Од полицијата известија дека се запознаени со ситуацијата и предупредија дека сообраќајот ќе биде променет во наредните 48 часа.