Кешишев: За време на убиството на Вања и Панче, Палчо спиеше во штабот на пaртијата „Десна“

Пресврт на денешното рочиште за убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски, бидејќи еден од обвинетите Влатко Кешишев поднесе изјава во која тврди дека првообвинетиот Љупчо Палвески Палчо нема никаква врска со случајот.

Според изјавата Палевски, ниту на 22-ри ноември ниту на 27-ми, кога се случија грабнувањата и убиствата не бил со другите обвинети,  туку спиел во штабот на пртијата „Десна“.

Кешишев тврди дека згрешил што го послушал едниот од обвинетите Велибор Манев и кажал невистини во исказот.

Кешишев тврди дека само тој, Боре Видевски и Манев биле заедно на местата на настаните во Велес и Скопје.

Според него, Манев е тој што извршил притисок и му се заканил на полицијата да и каже дека Палевски е органзатор и извшрител на убиствата.

Изјавата рачно напишана Кешишев во понеделникот до судот ја поднел без знаење на неговиот адвокат.

За адвокатот на Видевски нелогично е што Кешишев ја сменил својата прва изјава.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде