Обилни врнежи од снег вечерва во Србија [ВИДЕО]

Во речиси цела Србија и регионот вечерва врне снег. Снегот не престанува да паѓа на Златибор и Фрушка Гора.

Големо количество снег падна во месноста Калуѓерска бара на Тара, а како што можете да видите на видеото, снегот се уште вее.

„Снежната виулица почна наеднаш, дува толку силно што едвај се гледа прст пред око. На патот веќе има околу 10 сантиметри снег.

Вечерва дефинитивно не се шегува зимата“, вели Петар Лазиќ од Бајина Башта за РИНА.

На коловозите има снег, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни при возење. Надлежните патни служби се во максимална готовност, а механизацијата е веќе испратена на терен.

Републичкиот хидрометеоролошки завод претходно денеска предупреди дека во Србија во попладневните часови се очекува нагло опаѓање на температурата, со врнежи од дожд кои ќе преминат во снег и лапавица.

Во пониските предели на централна, западна и јужна Србија ќе се формира снежна покривка до пет сантиметри, а во ридско-планинските од 10 до 15 локално и повеќе.

Видеа погледнете ТУКА

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде