Сообраќајна несреќа се случи вечерва на автопатот кај Појат во Србија.
Како што пренесува страницата на Инстаграм 192.rs, македонскиот автобусот се излизгал и удрил во банкината.
Состојбата на патниците не е позната, а причинета е поголема материјална штета.
Во текот на денот обилните снежни врнежи предизвикаа колапс на автопатот Милош Велики.
Состојбата на патиштата е критична низ Србија поради снегот кој не престанува да дува, коловозите се лизгави, па на возачите им се препорачува да бидат внимателни и да возат бавно.