Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили: Силно невреме во овој македонски град

Откорнати дрва, паднати гранки, оштетени автомобили, ваква е сликата на терен во центарот на Штип денеска поради силниот ветер.

Директорот на ЈП „Исар“-Штип, Александар Арсовски вели дека досега имале околу 20 интервенции.

Од ТППЕ Штип потенцираа дека имале четири интервенции, на паднати дрва, две во близина на средното училиште „Коле Нехтенин“, една на местото кај Четвртиот километар и една интервенција кај детската градинка „Вера Циривири Трена“ во Штип.

-Денес екипите на ЈП „Исар“ со направена реорганизација интервенираа на повеќе од 15 локации на паднати дрва предизвикано заради силниот ветер, вели Арсовски.

Во Штип ветровитото време продолжува и во текот на утрешниот ден. Според исвестувањата на УХМР има портокалов предупредување за ветер.

Исто така се апелира граѓаните да бидат внимателни и да не се движат на места каде има високи дрва со цел да се заштитат.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде