Утрово околу 9:20 часот земјотрес со јачина од 3,5 степени според Рихтеровата скала го потресе подрачјето на Босна и Херцеговина, соопшти EMSC.
Епицентарот бил на 11 километри од Јабланица и на околу 30 километри од Мостар.
Земјотресот е почувствуван и на југот на Хрватска.
Да потсетиме, утрово регистриран земјотрес со јачина од 2,10 степени според Рихтер во Македонија.
Епицентарот е кај Демир Хисар.
Длабочината на земјотресот е 5 километри.