Претседателот на Единствена Србија, Драган Марковиќ Палма, почина денеска на 64-годишна возраст, соопшти претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ.
„Вечерва го загубив брат ми, пријателот и другарот Драган Марковиќ Палма. Му благодарам за се што направивме заедно во интерес на Србија.
Искрено сочувство до семејството, членовите на Единствена Србија и сите пријатели.
Не стигнавме да се збогуваме, но тој знае дека никогаш не се разделуваме. Почивај во мир роден брат“, напиша Дачиќ на својот Инстаграм профил.
Последното гостување на Драган Марковиќ беше во понеделникот во емисијата „Уранак“ на телевизијата К1.