ЖЕСТОКА ТЕПАЧКА ВО ГРАНД! Пејачките се степаа, летаа тупаници и шамари, се појави снимка

Еден од најголемите естрадни скандали беше тепачката меѓу двете колешки Мина Костиќ и Индира Арадиновиќ Инди на фестивалот Гранд во 2008 година.

За ова и ден денес се зборува, а иако од тогаш помина повеќе од една деценија, пејачките се уште не се во добри односи.

Мина се осврна на овој немил настан за „Ѕвезде гранда специјал“, и откри што точно се случило.

– Не знам кој ја намести таа жена. Тоа ми е единствениот скандал во кариерата, таа ме нападна и сето тоа беше во живо. Тогаш и вратив, не очекував да ме турне. Не знам, колку килограми тежеше тогаш? Се налутив, а потоа направив хаос. Велам „ме боли уво“. Нека дојдат Брена и Саша, сега ќе баправам хаос. Никој ништо не ми кажа. И Брена и Саша, сите ме поддржаа – почна Мина, па продолжи.

Како што спомена, Инди е единствената личност со која влегла во физички конфликт.

„Таа одеше по туѓи совети да направи приказна, да ме предизвика и јас тогаш реагирав така, ми беше многу тешко и не знаев како поинаку да реагирам. Беше многу груба, не сакаше да се повлече, ме навредуваше и, се разбира, мојата реакција беше таква каква што беше, затоа што ме нападна. Се срамам од тоа. Никогаш не сум се скарала со никого, сите мои колеги ме сакаат, ценат и почитуваат. Не се расправав со никого во основно или средно училиште, а камоли да се тепам, но таа доби еден нокаут само за да и објаснам“ изјави пејачката.

– Жал ми е што се случи, но таа покажа и со сопствената сестра дека имала таков скандал. Многу е грдо.

-Тука всушност најдебелиот крај го доби мојот сопруг, кој се обиде да ги раздели и доби ќотек, а потоа Мина му се налути – изјави водителката Весна Милановиќ, а Мина потврди:

– Да, мислев дека ја брани, а јас бев сама. Нема кој да ме разделува. Кога некој ќе ме нападне, јас напаѓам.

Извор: Гламур.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде