Не, не можам ниту да поверувам, ниту да прифатам, дека повеќе не си тука: Митовски со емотивни зборови се прости од својот вујко

Страшно и кобно утро …

Собирам сили, да напишам нешто, а тоа да не биде малку,да не биде нешто обично, нешто што наликува на клише, а да ги најдам правите и вистинските зборови …

Не, не можам ниту да поверувам, ниту да прифатам, дека повеќе не си тука, вујко мој 😢

Не можам ниту да замислам како така судбината се поигра со животот… Ни те зема пребрзо, а имавме толку многу планови….

Боли душата, срцето е скршено, а зборовите претешки, за да кажам барем малку од она што во мене гори, како оган….

И сега, сега не знам од каде да почнам…

Беше вреден и посветен сопруг и родител, добар и праведен човек – вујко мој. Покрај тебе растев и од тебе научив многу и за животот и за работата.Почнавме заедно во невладиниот сектор, кога буквално ти таму ми ја всади основата, а продолживме заедно во политичките води …и успеавме….успеавме …

И во секој ден со секој твој кажам збор и совет ми беше пример, а понатаму, кога другарски и социјалдемократски, заедно се боревме, заедно тогаш бевме најсилни, минувајќи полесно низ сите предизвици.

Ми беше чест и задоволство што бев шеф на изборниот штаб за време на локалните избори кога стана градоначалник на Општина Крива Паланка и тоа беше само еден дел од нашето заедништво,нешто кое беше посилно од нас, a токму покажано на дело.

Ниту премрежјата што ни наидоа на патот, ниту обидите да ни направат конструкции, не можеа да успеат, зашто не потклекнавме- во ниту еден момент, и не подлегнавме на истите, ни ти, ни јас.

Разумот секогаш преовладуваше, затоа што ти така и ме учеше …

Ја наследив по тебе градоначалничката улога, и ми беше чест, а тебе те радуваше секој успех за кој заедно прославуваме…

Ни останаа уште многу недовршени разговори…

Се остана без боја, застана времето…

Денес загубив не само вујко, загубив другар, загубив дел од себе.

Секогаш ќе се прашуваме зошто така ненадејно и без поздрав замина засекогаш, оставајќи нѐ без зборови и со скршени срца.

Неутешните вујна Слаѓана,Матеј и Горјана ќе ги чуваме наместо тебе, и секогаш ќе се сеќаваме на сѐ што направи за мене, за нас и за нашата Крива Паланка.

Твоето мото “Со срце за Крива Паланка” ќе биде засекогаш запаметено и верувам од горе, меѓу ангелите ќе ни даваш сила да продолжиме со мисијата што ти ја започна.

🙏Нека Бог ти дари царство небесно…

Почивај во мир вујче , напиша на Фејсбук градоначалникот на Паланка Митовски.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде