Тажна вест објави поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски.
„Со длабока тага и неверување ја примив веста за смртта на нашиот другар и сопартиец Борјанчо Мицевски.
Како градоначалник на Крива Паланка, Борјанчо остави неизбришлив траг во развојот на Крива Паланка, посветувајќи се на унапредување и развивањето на Крива Паланка во вистински европски град.
Во овие тешки моменти, изразувам искрено сочувство до неговото семејство и сите блиски.
Нека почива во мир.“, напиша Спасовски на Фејсбук.