– Со длабока тага ја примив веста за смртта на Борјанчо Мицевски, поранешниот градоначалник на Крива Паланка, наш соборец и сопартиец, соопшти на социјалните мрежи лидерот на СДСМ, Венко Филипче.
– Борјанчо беше човек кој искрено и посветено работеше за доброто на својата општина и за сите граѓани, секогаш воден од вредностите на солидарноста, правдата и напредокот.
Неговата визија за подобар живот во Крива Паланка остави траен белег врз заедницата и сите кои го познаваа.
Неговата човечност, енергија и посветена работа ќе ги паметиме со огромна почит и благодарност. Во овие тешки моменти, нашите мисли се со неговото семејство, пријателите и соработниците.
Нека почива во мир, напиша Филипче.