Најнова метео анализа на Славчо Попоски:
Евеееее гооо, и Европскиот модел (ECMWF) се согласи на тоа дека од 29 Ноември, па и во почетокот на Декември на Балканот доаѓа нов снежен бран кој на повеќе места ќе услови ниски температури и снежни врнежи,
како и формирање на нова снежна покривка, на планините таа ќе надминува висина и од над 30/40 cм, значителна снежна покривка барем одсега гледано ќе се формира и на планините во Македонија.
НАПОМЕНА: Во следните мои метео објави тука, како и на мојот Метеоролошки медиум “МЕТЕОАЛАРМ” следува нова, и по потреба обновена целосна анализа на времето токму околу ова.
Барем од она што можам сега да го кажам, Глобалниот модел (GFS) во ист период упорно црта снежна покривка и на пониските места во Македонија, но ќе видиме до утре околу ова дали ќе се согласи и Европскиот модел (ECMWF).