Цеца скршена од болка, се прости од својот голем пријател

Претседателот на Единствена Србија, пратеник и претседател на градското собрание на Јагодина, Драган Марковиќ Палма почина на 22 ноември на 64-годишна возраст.

Во Собранието на Србија денеска се одржува комеморација за Драган Марковиќ Палма.

Покрај членовите на семејството, на комеморацијата дојдоа и голем број пријатели, меѓу кои и големи имиња од естрадата.

Една од неговите блиски пријателки беше пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ.

Таа на комеморацијата се појави цела во црно. Ражнатовиќ носеше црна бунда, како и црни очила кои и го покриваа целото лице.

Фотографиите од комеморацијата н која присуствувала и Ражнатовиќ може да ги погледнете ОВДЕ

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде