Дали Македонија ќе ја затрупа снег? Погледнете што ќе се случува во следните денови

Метео анализа на Славчо Попоски:

Почнувајќи од 29 Ноември сега, па во првата декада од Декември следува период на многу постудено време со чести врнежи, кои накратко ќе бидат од дожд на ниските и од снег на повисоките места и на планините,

а потоа и во пониските места ќе преминат во снег, на картата можете да ја погледнете очекуваната снежна покривка во Македонија според Европскиот модел (ECMWF) Почнувајќи како што кажав од сега 29 Ноември, па се до 10 Декември.

Се очекува насекаде формирање на снежна покривка, понекаде и со висина од над 30/40 cм, а локално и од 50 до 80 cм, на високите и Скијачките места и до 100 cм снег.

НАПОМЕНА: Понатаму следува ново ажурирање на овој модел, па така во следните ажурирања ќе биде се појасно што точно ќе се случува на почетокот на Декември.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде