Многу изненадувања вечерва на Бихакќа: Ова никој не го очекуваше, ова е новото раководство на СДСМ

Централниот одбор на СДСМ вечерва го избра новото раководство на партијата.

За генерален секретар на СДСМ е избран Александар Димитријевиќ кој доаѓа од Општинската организација на СДСМ од Гази Баба.

За потпретседатели на опозициската партија се избрани: ексминистерката за животна средина Каја Шукова, Менде Илиевски, Ана Чупеска и Кристина Костова.

Избрани се и двајца организациски секретари – поранешниот пратеник од Куманово, Мартин Костовски и Љупчо Фармаковски од организацијата во Центар.

На Конгресот пред неколку денови за нова заменик претседателка на СДСМ е избрана Фани Каранфилова Пановска.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде