Повторно земјотрес е регистриран во Македонија.
Јачината е 2,5 степени според Рихтер, додека пак епицентарот е 14 километри североисточно од Богданци.
Длабочината е 20 километри.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје,
денес, 27.11.2024 година во 12 часот и 09 минути, регистрира земјотрес чиј епицентар се наоѓа на132 km југоисточно од Скопје, во епицентралното подрачје Валандово со Рихтерова локална магнитуда ML3.0.
Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југоисточниот дел на државата со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.