Најнова вест од Славчо Попоски:
Од она што можам утринава да го кажам според најновото утринско ажурирање на Европскиот модел (ECMWF), од петок 29 Ноември,
па за време на викендот, западните и северозападните предели од Македонија би можеле да имаат проблеми со снежните врнежи, особено повеќето градови, поради тоа што снегот кој го очекуваме ќе биде тежок и влажен, па токму поради тоа ги спомнувам и можните проблеми во овие предели од Македонија.
Сега ќе го очекуваме следното ажурирање на истиот, и тоа вечерва, па така следуваат нови информации на мојот Метеоролошки медиум (МЕТЕОАЛАРМ МК).
Како што претходно кажав и најавив, од овој петок (29 Ноември), па за време на викендот, под влијание на циклонска активност со центар над Средоземјето, која ќе биде поврзана со значително поладен воздух од север, во Македонија ќе имаме нови и пообилни врнежи од дожд на ниските места (локално ќе наврнат над 30/40 литри дожд на метар квадратен).
На повисоките места и на планините ќе има врнежи од снег, каде ќе се формира позначителна снежна покривка (над 30/40 cм).
Повремено снежната граница ќе се спушта и нешто пониско (под 1000 метри надморска височина), па повремено врнежи од снег, претежно влажен снег ќе има и во повеќето градови, особено во северните и во западните предели од државава. Има поголеми услови за формирање на снежна покривка и во градовите, особено во претходно споменатите предели од државава.