Попладнево е регистриран земјотрес во Македонија, со јачина од 3,1 степени според Рихтер.
Според информациите, епицентарот е 17 километри југоисточно од Струмица.
Длабочината е 15 километри.
Да потсетиме, утрово во 05 часот и 42 минути земјотрес беше регистриран и кај Стење.
Епицентарот е на длабочина од 15 километри, а јачината на земјотресот 2,5 степен.