ВОНРЕДНО Силен земјотрес утрово ја погоди Русија

Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала денеска ја погоди Русија.

Епицентарот на земјотресот бил во близина на Курилските острови.

Засега нема информации за поголема материјална штета.

Курилските острови се вулкански архипелаг во областа Сахалин во Русија.

Тие се протегаат на 1.300 километри од јапонскиот остров Хокаидо до полуостровот Камчатка, одвојувајќи го Охотското Море од северозападниот дел на Пацификот.

На овој архипелаг му припаѓаат 56 острови и неколку карпи. На него има 39 активни вулкани.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде