И доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, го следи примерот на некои свои поранешни колеги и ќе се обиде како претприемач во бизнис водите, објави Фактор.
Еден од највлијателните политички функционери од изминатиот период на претходната власт, деновиве ја регистрирал фирмата „Форт М Гроуп Увоз-Извоз Скопје“. како друштво за градежништво и услуги на сопствената адреса на живеење. Дејноста е „изградба на станбени и нестанбени згради“.
– Би рекол дека мора од нешто да се живее. Јас по вокација сум адвокат и тоа продолжувам да го работам . Затоа како управител на фирмата е назначено друго лице.
Во меѓувреме загубив голем број на странки од својот делокруг на работа затоа што свесно не сакав да ги доведам во непријатност и политички контекст.
Изградба на станбени објекти е само една од опциите на кои би работел, но тоа не значи дека дефинитивно ќе биде така. Во овој момент немам никаков конкретен проект на кој би работел. Се работи за фирма со општа клаузула за бизнис, изјави Зечевиќ за Фактор.
Извор: Фактор