Пејачот од Гранд доживеа инфаркт, итно бил приклучен на апарати

Пејачот кој се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“, Амил Бишќанин синоќа доживеа срцев удар и се наоѓа во болница.

Амил на својот Фејсбук објави слика од болничкиот кревет и ги извести своите следбеници дека имал срцев удар и дека му биле поставени два бајпаса.

Пејачот истакна дека се уште е во болница, но дека засега се чувствува добро.

– Луѓе мои, преживеав инфаркт и добив два бајпаса како награда. Грижете се за вашето здравје – порача пејачот со фотографиja од болничкиот кревет.

Инаку, Амил Бишќанин се прослави со учеството во шоуто „Никогаш не е доцна“ каде со својата животна приказна трогна многумина.

Тој израснал како дете на разведени родители и во голема сиромаштија, а уште како основец бил принуден да работи и да заработува за да си обезбеди парче леб.

-Кога ме роди мајка ми, тогаш нè напушти татко ми, а во текот на целото мое детство чувствував длабока криза, сиромаштија. Мајка ми работеше како што знаеше и мислам дека сепак имаше добар син, маж и глава на семејството – изјави во една прилика Амил за Гранд.

Извор: Гламур.мк

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде