Огромна тага: 22-годишно момче и 21-годишна девојка се загинатите во страшната несреќа

На 29.11.2024 година во 07:21 чaсот, во СВР Охрид е пријавено дека, на автопатот во изградба, кај девијацијата „Царо поле“,

атар на селото Ботун, општина Дебрца, патнички автомобил „Ауди“ со кичевски регистарски ознаки, излетал од патот.

По преземени мерки, констатирано е дека, Ф.К.(22) возач на возилото и сопатничката Е.С.(21), двајцата од Кичево, починале на местото на настанот а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош од Охрид.

Увид на местото извршија јавен обвинител, сообраќаен вештак и полициски екипи.

По наредба на јавен обвинител, врз телата на двете починати лица, ќе биде извршена обдукција.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде