Тешка сообраќајна несреќа се случила утрово на патот Охрид-Ботун, при што едно возило излетало од патот и завршило во реката, објави 4news.mk
Засега нема официјални информации за точната состојба на патниците, но се стравува дека има загинати.
Надлежните служби се на терен и вршат увид, а спасувачките екипи работат на извлекување на возилото од водата.
Причините за несреќата сè уште не се познати.
Повеќе детали се очекуваат по завршување на истрагата и увидот од страна на полицијата.