Најнова вест!
Веројатно има повредени во потешка сообраќајна несреќа која се случила рано утрово на улицата Ферид Бајрам во скопски Бутел на угорнината кон Железара.
На местото пристигнала екипа на Брза Помош. Нема информации за патниците.
Очевидци сведочат дека комбе во се уште неутврдени околности се излизгало од својата лента и удрило во возило кое доаѓало од спротивен правец.
Полицијата е на терен, а сообраќајот се одвива отежнато.