OГРОМНА ТАГА – на 44-годишна возраст почина познатиот музичар

Поранешниот тапанар на My Chemical Romance, Боб Брајар, е пронајден мртов во својот дом во Тенеси на 44-годишна возраст.

Причината за смртта сè уште не е објавена, и не е познато кој го пронашол, пишува TMZ.

Според овој медиум, неговото тело било „многу распаднато“ кога било откриено, а контролата на животните му ги однела двете кучиња од домот.

Властите не се сомневаат во криминална активност, бидејќи оружјето и музичката опрема во неговиот дом останале недопрени.

Брајар последен пат беше виден жив на 4 ноември, истиот ден кога ги објави своите последни твитови.

Како најдолг и последен официјален тапанар на My Chemical Romance, Брајер беше дел од бендот од 2004 до 2010 година. Неговото заминување од групата беше опкружено со гласини за тензии со членовите на бендот – Френк Ајра, Мајки Веј, Џерард Веј и Реј Торо.

Иако членовите на бендот не зборуваа јавно за деталите, повеќе извори потврдија дека имало несогласување, според МТВ.

Брајар го замени поранешниот тапанар Мет Пелисиер по објавувањето на вториот албум на бендот, Three Cheers for Sweet Revenge (2004).

Тој продолжи да свири и снима музика со групата на сите нивни последователни проекти до неговото заминување.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде