Трагедија го потресе Балканот – фудбалер загина во страотна несреќа

Хрватскиот фудбалер Иван Кожул (33) загина во сообраќајна несреќа. Како што јавија хрватските медиуми, несреќата кај Задар се случила во доцните ноќни часови меѓу петокот и саботата.

Задарски лист објави дека Кожул во моментот на несреќата бил на совозачкото седиште.

Локалната полиција не соопшти повеќе детали, освен дека е спроведена истрага.

Во својата кариера настапуваше за Галовац, Паг и многу други нисколигашки тимови.

Галовац на социјалните мрежи се прости од фудбалерот.

Драги наши пријатели, длабоко потресени и шокирани известуваме дека синоќа во тешка сообраќајна несреќа загина нашиот брат и соиграч Иван Кожул. Синоќа го прашав попатно:

„Иво, што ќе правиме во недела? а тој самоуверено: „лесен хендикеп“… а утрово неопислива тага, мачнина, шок, солзи… мечот заврши овде на Земјата… се преиспитуваме, се прашуваме што, како и зошто… зошто боже!?… гледаме во вселената… и полека ги вртиме сите тие настани, сите тие победи кога пеевме, и сите тие порази што ги доживеавме… и тој пехар кога го кренавме, никој не беше посреќен од тебе… и кога се збогуваше минатата сезона и рече тоа е тоа, тогаш оваа сезона се врати да му помогнеш на клубот кога најмногу му требаше… тешко ни е да зборуваме…

Веруваме дека си отишол на подобро и поубаво место, а веруваме дека ќе не бодриш од рајската трибина… Чичко, почивај во мир и чувај го нашиот клуб и селото одозгора! – напишаа од Галовац.

Фото: Илустрација/сообраќајка

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде