АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Последното известување од АМСМ од 17 часот е дека поради снежни врнежи има забрана за движење на тешки товарни возила на патните правци:
Маврово – Дебар
Гостивар – Кичево
Кичево – Охрид
Битола – Ресен
Плетвар
ЗИМСКА ОПРЕМА: Од 15.11.2024 година започнува законската обврска за задолжително поседување на зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.03.2025 година.
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива во зимски услови, по влажни коловози. Снег провејува низ цела Западна Македонија, додека во останатите делови врнежите се од дожд.