Страотна несреќа, млада девојка со тешки повреди итно пренесена во болница

27-годишна скопјанка била тешко повредена откако во неа со возило удрил млад возач.

Несреќата се случила на вчера околу 22:50 часот, на булеварот Св. Климент Охридски во Скопје. Патничко возило „Тојота“ со скопски регистарски ознаки,

управувано од 19-годишниот Д.С. од Скопје, удрило во пешакот А.О. (27) исто така од Скопје.

„По ударот, А.О. се здобила со тешки телесни повреди, кои биле констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде што е задржана на натамошно лекување.

По пријавувањето на настанот во полицијата, извршен бил увид на местото на несреќата, а за настанот бил известен јавен обвинител.

Истрагата продолжува согласно утврдените факти и околности“, изјавија од СВР Скопје.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде