На 30.11.2024 година во 16.45 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионалниот пат село Пршовце – село Јегуновце се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со тетовски регистарски ознаки,
управувано од С.М.(34) и патничко возило „Југо“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од И.Р.(65) двајцата од с.Раотинце, општина Јегуновце.
Во несреќата и двајцата возачи се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во Клиничката болница во Тетово.
За настанот известен е јавен обвинител, а извршен бил увид од увидна екипа од СВР Тетово.
Фото: Илустрација/сообраќајка