Важна информација за сите кои утрово патуваат: Бидете внимателни – еве каде утрово врне снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни екипи.

Снег со слаб интензитет провејува низ цела западна Македонија,додека во останатите делови врнежите се од дожд.

„Забрани за сообраќај за тешки товарни возила има на планинскиот превој Маврово. На патниот правец Тетово – П.Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила

во правец с.Лисец – П.Шапка , а за останатите возила задолжително користење зимска опрема ( ланци )“, соопштија од АМСМ.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Сообраќајот кон Пониква и кон с. Бели се одвива непречено, по една коловозна лента. Од страна на граѓани е најавено дека единствено до депонијата ќе бидат пропуштени возила од КЈП Водовод Кочани, но не и возила од други општини.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде