Овој Мерцедес во Бугарија е 2.600 евра а во Македонија е дупло, зарем не може и кај нас да биде толку?

Фејзбук статус кој неодамна го напиша Михајло Мики Тодороски, а се споделува и денес:

Што гледаме на сликата?! Убав Мерцедес. Човекк го продава само за 2600 евра. Зашо е толку ефтин? Затоа што е на бугарски таблици.
Зашто не може да биде толку пари на Македонски таблици?
Затоа што СДС и ЖМРО 30 години не држат во едно заложништво и не ти даваат да мрднеш.

Овој пак човек оваа кола во Германија, Австрија и да не набројувам држави, ја купил многу поефтино и од оваа цена.
Не можам да го имам овој Мерцедес во Македонија затоа што треба да платам царина, данок, хомологација и ред други плаќања и чини дупло повеќе.

Дополнително, не можеш и да сакаш да го направиш на МК табли затоа што е 2003-2004 година. Као у Македонија да не се возат возила од таа година! Па комбено што јас го возам е од 90та! Од Анте Маркович!

Зошто БУГАР да може да вози ваква кола за толку пари а Македонец да не може? Нема врска ова со тоа што не сме членка на ЕУ!

Еееее коа ќе бидеме членка на ЕУ тогаш ќе може и тогаш нема да го загадува ова возило воздухот и нема да има потреба од царина, данок, хомологација… ТАКА?

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде