Вчера во 09.10 часот во Полициската станица Валандово била пријавена сообраќајка на регионалниот пат с.Фурка – Валандово, во близина на село Дедели.
Во несреќата учестувале товарно моторно возило „фолксваген кеди“ со валандовски регистарски ознаки,
управувано од В.Г.(56) од Валандово и товарно возило влекач „сканиа“ со радовишки регистарски ознаки, управувано од З.Р.(47) од Радовиш.
„Со тешки телесни повреди се здобил возачот В.Г., констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово“, се вели во билтенот на МВР.