Уште една трагедија на македонските патишта: Пежо излета од патот, едно лице загина

Уште една трагедија на македонските патишта: Пежо излета од патот, едно лице загина

Денеска (04.12.2024) во 07.13 часот во СВР Скопје било пријавено дека на регионален пат Велес- Скопје, во атар на населбата Дрма, скопско,

возило „пежо партнер“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.Ј.(48) од село Ржаничано, скопско, излетало од коловозот.

Од здобиените повреди на местото на несреќата починал возачот, а лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт.

Извршен бил увид од увидна екипа на СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било предадено за обдукција.

Фото: Илустрација

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде