Еве каде вечерва има врнежи од снег

Сообраќајот на државните патишта се одвива тековно во зимски услови, по претежно влажни коловози.

Снег провејува на Попова Шапка, на планинскиот превој Стража и Маврово. Намалена видливост поради појава на магла до 50 метри има на планинскиот превој Плетвар. Сите патни правци во државата се проодни без забрани, застои и ограничувања, соопшти „Македонијапат“.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

ЈП „Македонијапат“ со целокупната расположива механизација и работна сила е вклучена во расчистување на патиштата по обилните врнежи во западните и источните предели. Исто така на располагање се и фирмите со кои соработуваат.

АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.

Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде