-На 04.12.2024 во 21.30 часот во Полициската станица Прилеп било пријавено дека на ул.„Александар Македонски“ во Прилеп,
патничко возило „форд“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.С.(29) од Прилеп излетало надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила М.С., додека со телесни повреди се здобил нејзиниот сопатник П.Ш.(24) од Прилеп, констатирани во Општата болница Прилеп.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Прилеп – стои во соопштението од МВР.