Три лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа која вчера доцна вечерта се случила на крстосницата пред зградата на македонското Собрание.
Информацијата ја потврди МВР.
-На 04.12.2024 во 22.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека на крстосницата од ул.„11 ти-Октомври со бул.„Филип Втори Македонски“ и ул.„Даме Груев“ во Скопје се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко возило „митсубиши“
со скопски регистарски ознаки управувано од Ш.Л.(26) од с.Сингелиќ,скопско и патничко возило „цитроен“ со скопски регистарски ознаки управувано од С.К.(35) од Скопје.
Во незгодата со телесни повреди се здобиле двајцата возачи и сопатничка од возилото „митсубиши“ Б.Л.(23) од с.Сингелиќ,скопско констатирани во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“ и Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје, се вели во соопштението на МВР.
Додека траеше увидот, улицата пред Собранието беше затворена а сообраќајот се одвиваше по алтернативни сообраќајници.