Претежно облачно време со локални врнежи од дожд, а на планините и на некои повисоки места од снег.
Врнежите повремено ќе бидат пообилни во западните делови, а на планините дополнително ќе се зголеми снежната покривка. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.
Минималната температура ќе биде во интервал од 2 до 7, а максималната ќе достигне од 3 до 10 степени.
Во Скопје облачно со повремени врнежи од дожд. Минималната температура ќе се спушти до 4, а максималната ќе достигне до 8 степени.
Во петок и сабота ќе има услови за појава на магла по котлините и слаб локален дожд.
Од недела и во следните денови времето ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд, наместа поројни и пообилни, проследени со појава на ретки грмежи. Во недела ќе дува засилен до силен јужен ветер (над 60 km/h).