ВОНРЕДНА ВЕСТ Силен земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди западен Иран

Земјотрес со јачина од 5,6 степени според Рихтеровата скала го погоди западен Иран, соопшти иранската сеизмолошка служба.

Земјотресот е регистриран утрово во 7:32 часот по локално време во провинцијата Кузестан на длабочина од 10 километри, се наведува во извештајот, пренесува ИРНА.

По тој земјотрес следуваа уште два силни земјотреси во истата област, со јачина од 4.9 и 5 степени според Рихтер, јави ЕМСЦ.

Засега нема извештаи за евентуални штети или жртви.

Како што јави ИРНА, земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала го погоди градот Ахваз во петокот наутро минатата недела.

ОСТАВЕТЕ ОДГОВОР

ве молиме внесете го вашиот коментар!
ве молиме внесете го вашето име овде