Земјотрес со јачина од 7 степени според Рихтеровата скала е регистриран денескаво северниот дел на Калифорнија, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар (ЕМСЦ).
Епицентарот на земјотресот бил на 56 километри југозападно од градот Фортуна и на 260 километри западно од градот Чико во Калифорнија.
Епицентарот на земјотресот бил во Тихиот океан на длабочина од 14 километри.
По овој земјотрес, како што соопштува и Американскиот геолошки институт (USGS) бил регистриран уште еден прилично силен потрес со јачина од 4,2 степени и најмалку десетина помали афтершокови.
Како што соопшти Националниот центар за предупредување од цунами, аларм бил објавен за делови од брегот на Калифорнија и Орегон, односно за околу 5 милиони луѓе, но тој бил откажан по околу еден час.
Оттаму информираат дека било забележано мало покачување на нивото на морето за неколку сантиметри на околу 320 километри од брегот на Калифорнија, но на брегот не е забележан значителен пораст и тоа довело до откажување на предупредувањето.
По силниот земјотрес гувернерот на Калифорнија Гевин Њусом прогласи вонредна состојба велејќи дека тоа ќе овозможи да се обезбедат повеќе ресурси за погодените области.
секојдневна реалност“, вели тој.